Две жени и пет деца се удавија кога брод со мигранти и бегалци од Турција се преврти во близина на грчкиот остров Хиос во петокот, соопшти крајбрежната стража.
Инцидентот е меѓу најсмртоносните од ваков вид во грчките води оваа година и доаѓа во време кога Грција се обидува да се справи со повторниот наплив на бегалци и мигранти од соседна Турција.
Дванаесет луѓе беа спасени од морето близу Инусес, група на островчиња во близина на Хиос и околу 8 км од турскиот брег. Засега не е познато дали другите се водат за исчезнати.
Крајбрежната стража не достави детали за националноста на жртвите или за причината за несреќата.
Во август пристигнаа над 9.000 луѓе во Грција, што е најголем број во последните три години откако Европската Унија и Анкара спроведоа договор за исклучување на егејската мигрантска рута. Само овој месец во земјата пристигнале повеќе од 8.000 луѓе.
Грчките кампови на островот се борат да се справат со порастот на бројот на мигранти, а сите објекти работат барем двојно повеќе од нивниот капацитет. Владата планираше серија мерки за спречување на приливот, вклучително и пренесување на барателите на азил кон копното, засилување на безбедноста на нејзините граници и забрзување на депортациите на оние кои не се квалификуваат за азил.