Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун вети дека ќе направи непобедлива армија која никој не би се осмелил да ја предизвика. Тој ги обвини САД дека создаваат тензии со погрешни потези, нагласувајќи дека во пракса не покажуваат дека немаат непријателски намери кон неговата земја.
Ким Јонг-ун зборуваше за создавање непобедлива армија на изложбата на ново оружје на Северна Кореја, објавија државните медиуми во Пјонгјанг.
– САД честопати велат дека не се непријателски настроени кон нашата земја, но нема докази што би нѐ убедиле дека тие не се непријателски. Вашингтон продолжува да создава тензии во регионот со своите погрешни проценки и постапки – рече севернокорејскиот лидер.
Ким кажа дека модернизацијата на севернокорејската армија не е насочена против Јужна Кореја и дека не треба да има нова војна во која корејскиот народ би се борел меѓусебно.
Изложбата на оружје „Самоодбрана-2021“ се одржа вчера и е настан што е дел од прославата на 76. роденден на владејачката Работничка партија.