Милиони гласачи во Северна Кореја, вклучувајќи го и лидерот Ким Јонг-ун, денеска гласаат на парламентарни избори, кои светските медиуми ги опишуваат како „избори без избор“.
Севернокорејците ќе изберат 700 членови на Врховното народно собрание, кое, на хартија, е највисок орган на власт во земјата.
Изборите се одржуваат секоја петта година и, како што наведуваат светските агенции, претставуваат повеќе одобрување, или многу ретко неодобрување на кандидатите.
Кандидатите ги избира владејачката Работничка партија на Кореја и неколку помали коалициски партии кои имаат пратенички места во парламентот, но многу малку независност.
Излезеноста, на гласањето кое е задолжително, вообичаено е висока, со околу 99 отсто и повеќе, а според законот, право на глас имаат граѓани со наполнети 17 години.