Авион на саудиските Кралски воздухопловни сили се урна за време на обука во северозападниот дел на земјата, при што загинаа сите членови на екипажот.
Саудиските медиуми, повикувајќи се на извор од Министерството за одбрана денеска соопштија за вчерашниот инцидент, но без да наведат колку членови на екипажот имало во авионот.
Истражители се обидуваат да ја утврдат причината за несреќата на авионот од типот „Јастреб“.