Тројца Американци загинаа кога се урна канадски авион-цистерна, кој помагал во гаснење пожар во Австралија, соопшти Шејн Фиксимонс, комесар на противпожарната служба на Нов Јужен Велс.
Според него, авионот „Херкулес Ц-130“ се урнал еден час по полетувањето од воената база Ричмонд во регионот Сноу Монаро, јужно од главниот град на Канбера.
Причината за несреќата сè уште не е позната, пренесува „Ројтерс“.
– Според првичните извештаи, се чини дека нема преживеани во падот на авионот, кој силно удрил во земјата и експлодирал – рече Фиксимонс.