Приватен авион од типот Јак-52 се урна на Алтајска територија, соопшти извор од службата за вонредни ситуации за руските медиуми.
– Според прелиминарните податоци, во авионот имало двајца пилоти и двајцата загинале – навел изворот.
Тој прецизирал дека авионот се урнал додека слетувал, а на земјата нема повредени луѓе ниту причинета материјална штета.