Франција денеска се подготвува за нов бран протести на „Жолтите елеци“ и евентуално насилство што може да избие.
Во градот Буржу се затвораат продавниците поради можни судири на демонстрантите и полицијата. Во Париз се распоредени повеќе од 80.000 војници и полицајци.
Тоа е деветти викенд на протести во Франција во кои демонстрантите бараат поголеми промени во француската економија и политика.
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека в понеделник ќе објави свое „писмо до Французите“ во кое ќе каже што ќе направи со заклучоците од големата национална расправа што почнува еден ден подоцна.