Сириската армија денеска почна воздушна кампања во југоисточниот дел на градот Дера и почна борби со цел да се пресече патот на бунтовниците кон границата со Јордан.
– Сириската војска почна операција со која се подготвува теренот за влез на воените единици, објави сириската државна новинска агенција САНА.
Јорданскиот министер за надворешни работи на Јордан, Ајман Сафади претходно изјави дека Јордан и понатаму ќе ја држи затворена границата кон Сирија, а Обединетите нации можат да им помогнат на Сиријците кои бегаат од насилството во јужниот дел на земјата.
– Нема раселени лица на нашата граница, тие се движат кон внатрешниот дел на Сирија, напиша Сафади на Твитер.
ОН денеска соопштија дека најмалку 45.000 луѓе побегнале поради борбите што се водат во југозападната сириска покраина Дера и оти се движат кон границата со Јордан.