Во Индија денеска со бродови, автобуси и возови ќе бидат евакуирани 800.00 луѓе од источниот брег, поради пристигнувањето на тајфунот кој ќе удри во крајбрежјето за 24 часа, соопштија властите.
Силниот тајфун Фани својот центар го има западно од Бенгалскиот залив, објавија од индискиот метеоролошки завод. Јужниот брег на покраината Одиша исто така ќе биде на удар на силни до исклучително силни врнежи, стои во објавата на метеорологот.
Тајфунот Фани е сместен во категоријата број 3. Околу 800.000 луѓе треба да се евакуираат од ниските предели од 14 окрузи во покраината Одиша и да бидат сместени во засолништа, училишта и факултети.
Туристите исто така се информирани да ги напуштат крајбрежните градови во западен Бенгал и Одиша.