Најмалку осум лица загинаа, а 12 се повредени во напад со автомобил-бомба врз контролен пункт во ирачкиот град Ал Каим, соопшти локален фунционер.
Генерал-мајор Касем ал-Дулами соопшти дека напаѓачот удрил со автомил-болма во контролниот пункт на кој заедно работат ирачката армија и милициски сили кои ги поддржува Владата.
Ирачките медиуми претходно јавија дека во нападот загинале најмалјку 21 човек.
Засега никој не презеде одговорност за нападот во Ал Каим, кој е на 400 километри северозападно од Багдад, во близина на ирачко-сириската граница.