САД обвинија двајца Кинези за големата хакерска кампања, изведена по нарачка на кинеската Влада против 45 компании во 12 земји, се наведува во соопштение од американското Министерство за правда.
Обвинети се Жу Хуа и Жанг Шилог, дека биле дел од групата позната како Еј Пи Ти 10 (АПТ 10), која функционирала од Кина, во соработка со кинеското Министерство за државна безбедност. Од 2006 до 2018 година, групата упаднала во компјутерите на 45 фирми во 12 држави со цел да украде доверливи податоци и индустриски тајни, се појаснува во соопштението.
Во меѓувреме, Велика Британија информира дека се присоединува кон сојузниците во барањето одговор од кинеската Влада за глобалната хакерска кампања, насочена кон фирми во Европа, Азија и САД.
Британската Влада наведе дека групата АПТ 10 дејствувала во име на кинеската Влада.
-Таа кампања покажува дека некои луѓе од кинеската Влада не се придржуваат кон ангажманите кои Кина ги презема пред Велика Британија во билатералниот договор од 2015 година“, се наведува во соопштението од Лондон.
Портпарол на премиерката Тереза меј рече дека односите меѓу Лондон и Пекинг се доволни силни за да дозволат да се критикува таа земја за хакерските напади и обидите за кражба на индустриски тајни.