САД и 25 земји ја обвинија Северна Кореја дека ги крши санкциите на ОН и увезува ногу повеќе од пропишаните 500.000 барели рафинирани нафтени производи.
Во жалбата, која ја поднеле САД и другите држави се бара од комитетот во Советот за безбедност на ОН, кој ги следи санкциите, да прогласи дека официјален Пјонгјанг ги пробил пропишаните граници за увоз, пренесе АП.
Се тврди дека Северна Кореја вишокот на нафтени деривати го презела преку нелегален трансфер со бродови.