Руското правосудство нареди денеска да се блокира мобилната апликација за размена на пораки Телеграм во Русија, во очекување таа да им одобри на специјалните служби читање на пораките на корисниците на апликацијата.
Апликацијата што ја користат околу 200 милиони луѓе, а чии соосновачи се од руско потекло, е позната по тоа што нуди висока доверливост и со месеци ги одбива притисоците од страна на власта, во контекст на зголемен притисок врз рускиот интернет.
Соосновачот на апликацијата Павел Дуров, кој ја напушти Русија во 2004 година, остана решителен во одлуката да ги одбие властите по цена на забрана.