Со добивањето руски пасош, жителите на Донбас добиваат документи кои се признати не само во Русија туку и во цел цвет, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.
Како одговор на прашањето зошто Москва ја олесни постапката за добивање државјанство за жителите на одредени области од Донецк и Луганск, а рускиот претседател со декрет во 2017 година ги призна документите издадени во самопрогласените републики во Донбас, Песков истакна дека жителите на Донбас не патуваат само во Русија.
-Точно, тие можеа да ги користат тие документи во Русија, но не и за други дестинации, тоа беше невозможно- истакна Песков.
На 24 април рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет кој ги олеснува руските правила за државјанство за жителите на одредени региони на југоисточна Украина.
-Поединци кои постојано живеат во одредени области на регионите на Донецк и Луганск во Украина имаат право да аплицираат за руско државјанство под поедноставена постапка- се вели во декретот.
Според документот, одлуката е донесена со цел да се заштитат човековите права и слободи врз основа на општо прифатените меѓународни закони.