Во Москва огромно задоволство поради можноста денес на седницата на Извршниот одбор на Интерпол за нов претседател да се избере Александар Прокопчук. Седницата се одржува во Дубаи, а Прокопчук може да биде избран откако претходниот претседател Менг Хонгвеи поднел писмо за разрешување поради вмешаност во корупциски скандал.
Прокупчик во 2016 година е избран за потпретседател на Интерпол, а станува збор за искусен професионалец, кој во моментот е на чело на рускиот оддел на Интерпол во Министерството за надворешните работи-пренесува хрватскиот весник „Јутарње вјести“.
Дипломирал романистика и германистика во Киев, а во 2000 година дипломирал и на националната даночна академија. Неколку години работел во безбедносните агенции во борба против корупција, а во 2003 година рускиот претседател Владимир Путин го унапредил со чин генерал. Зборува руски, англиски, француски, германски, италијански и полски, а интересно е дека не е наведен украинскиот јазик иако Прокупчик е роден во Украина. Конкурент за претседателското место на Интерпол е Ким Јонг-Јанг од Јужна Кореја.