Русија активира борбен авион „миг-31“ за да отстрани американски воен авион над Баренцовото Море, објави новинската агенција РИА цитирајќи извор од руската армија.
Руската армија објави дека американскиот патролен авион е идентификуван како „П-8А Посејдон“ и дека рускиот авион се вратил во базата набргу откако авионот на САД направил вртење од 180 степени и се оддалечил од руската граница, објави „Ројтерс“.
Во последните недели имаше чести наводи за средби меѓу руски и американски авиони.
Баренцовото Море е дел од Арктичкиот Океан и се наоѓа помеѓу Норвешка и Русија.