Директорот на Одделот за Латинска Америка при руското МНР, Александар Шчетинин, не се сомнева дека Русија ќе продолжи да обезбедува хуманитарна помош за Венецуела, пренесува ТАСС.
-Испораката на оваа помош сигурно ќе продолжи, изјави дипломатот на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
Во март, Русија достави скоро 7,5 тони лекови, медицински помагала и опрема во Венецуела. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, претходно ја потврди подготвеноста на Москва да продолжи да обезбедува хуманитарна и друга помош за Венецуела за да ги реши итничките социјални и економски прашања преку разни механизми на хуманитарна реакција, кои се прифатливи за венецуелската влада.