Руската армија планира да евакуира околу илјада луѓе од југозападната зона за деескалација во Сирија по хуманитарниот коридор во близина на градот Дара.
Евакуираните лица ќе бидат сместени во северната сириска провинција Идлиб.
– Бројот на села и градови кои се приклучија на примирјето во Југозападна Сирија се зголеми на 90 – соопшти рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија.