Русија повика на формирање организација за безбедносна соработка во Персискиот Залив, соопшти руското МНР.
– Практичните чекори кон придвижување на процесот би можеле да се состојат од билатерални и мултилатерални состаноци на страните кои се засегнати со оваа тема, вклучувајќи држави во регионот, но и подалечни земји, Советот за безбедност на ОН, Арапската лига, Организацијата на исламски држави и Советот за соработка на арапските држави во Заливот – стои во соопштението на руското МНР, пренесе агенцијата „Тасс“.
Според Министерството, состаноците ќе послужат како подготовка на меѓународна конференција за безбедност и соработка во Персискиот Залив.
Долгорочна цел е основање организација за соработка и безбедност во Заливот во која ќе бидат вклучени и Русија, Кина, САД, Европската унија, Индија и други партнери.