Руски истражен комитет денеска покрена кривична истрага за соборувањето на рускиот авион од типот Иљушин над Средоземното море, соопшти портпаролката на Комитетот, Светлана Петренко.
– Истражен судија и форензичари од Комитетот работат на лице место, заедно со претставници на руското Министерство за одбрана – рече Петренко.
Во моментов се утврдуваат точните околности во кои е соборен Иљушин „ИЛ – 20“ во кој загинаа 15 руски војници.
Моментално е познато дека авионот бил на пат кон воздухопловната база Хмејмим, и дека контактот со екипажот бил изгубен во 23 часот во понеделникот.
Во моментот кога Иљушин исчезнал од радарот, четири израелски авиони Ф-16 дејствувале врз цели во покраината Лакатија во Сирија.
Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека сириската противоздушна одбрана го соборила авионот.