Русија го потврдила продолжувањето на Договорот за соработка во вселената со САД до крајот на 2030 година, пренесува „Ројтерс“.
– Договорот меѓу Русија и Соединетите држави за соработка во истражување на вселената и употребата за мирновременски цели ќе биде во сила до 31 декември 2030 година – се вели во соопштението на руската влада
Рускиот премиер Михаил Мишустин го одобрил предлогот за продолжување на договорот меѓу Русија и Соединетите држави за соработка во вселената до крајот на 2030 година, соопшти денеска владината прес-служба.
– Договорот меѓу Русија и Соединетите држави за соработка во истражување на вселената и употребата за мирољубиви цели ќе важи до 31 декември 2030 година. Предлогот за негово продолжување беше одобрен од премиерот Михаил Мишустин – се наведува во извештајот, пренесува ТАСС.