Руски суд денеска ги казни социјалните мрежи Твитер и Фејсбук поради неисполнување на законот што бара податоците од руските корисници да се чуваат на национална територија.
Социјалните мрежи треба да платат парична казна од четири милиони рубљи, односно околу 58.000 евра.
Двете компании имаат десет дена да ја обжалат судската одлука и рок од 60 дена за да ги платат казните.