Русија во Советот за безбедност на ОН ќе поднесе своја нацрт резолуција за решавање на кризата во Венецуела, како одговор на американскиот предлог кој предвидува нови избори.
-Советот за безбедност повикува на решавање на ситуацијата во Венецуела со мирни средства – стои во предлогот на руската резолуција во која се додава дека Советот за безбедност на ОН ги поддржува сите иницијативи чија цел е постигнување политичко решение.
Американската предлог резолуција предлага поништување на резултатите од претседателските избори во Венецуела од 2018 и одржување нови избори.