Министерството за одбрана на Русија објави снимки од тест летови на воените авиони на петата генерација на моделот „Су-57“ во воздушниот простор на Сирија, со цел потврдување на перфомансите на авионите во случај на вистински конфликт, пренесува турската новинска агенција „Анадолија“.
Соопштено е дека со тест летовите било проверувано дејствувањето на постоечките системи, вклучувајќи ги перформансите на летотот за време на високите температури и други отежнати услови, системот на вооружување и други фактори.
Не е прецизирано кога, ниту во кои дел од воздушниот простор на Сирија се изведени летовите од двата авиона „Су-57“ кои се наречени како „авиони духови“, дизајнирани од руската фирма „Сухој“ конструирани како повеќенаменски ловни авиони. Првиот тест лет на „Су-57“ е изведен во 2010 година.