Руското министерство за надворешни работи соопшти дека американскиот економски план за Блиски Исток во висина од 50 милијарди долари е контрапродуктивен.
Со економскиот план се предвидува создавање на глобален инвестициски фонд за унапредување на палестинската економија и економијата на соседните арапски држави, како и изградба на транспортен коридор кој ќе ги поврзува Западниот Брег и Појасот Газа.
Палестинската ослободителна организација (ПЛО) вчера го одби американскиот економски план бидејќи, како што велат, нема политичка визија и е осуден на неуспех.