Иран нема да попушти пред притисоците и ќе ги реши сите проблеми без да го жртвува својот национален дигнитет и слобода, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани.
Тој во телевизиското обраќање наведе дека Иран никогаш нема да се предаде пред Америка, но „САД ќе ги клекне на колена“.
– Мораме да му покажеме на светот дека ќе ги надминеме проблемите и потешкотиите, без жртвување на нашата слобода, независноста, демократија, републикански систем, религија и култура – посочи Рохани.
Претседателот на САД, Доналд Трамп на почетокот од мај најави дека САД се повлекуваат од иранскиот нуклеарен договор потпишан во 2015 година и оти повторно ќе воведе санкции кон Иран.
Официјален Техеран тврди дека има право на збогатување на ураниум во мирнодопски цели.