Романскиот политичар, Мирчеа Џоана, е назначен за нов заменик-генерален секретар на НАТО.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по тој повод изјави дека Џоана е приврзаник на трансатлантските врски и има долгогодишно искуство на државен функционер и дипломат.
Мирчеа Џоана е основач и претседател на институтот „Аспен“ во Романија. Претходно бил претседател на романскиот Сенат, министер за надворешни работи и амбасадор во САД.
Џоана новата функција ќе ја преземе кон средината на октомври.