Новите претседателски избори во Белорусија се закажани за деветти август, а Александар Лукашенко го посакува и шестиот претседателски мандат. Во Минск се одржаа протести против неговата одлука за повторна кандидатура, а приврзаниците на опозицијата во рацете држеа влечки, кои се симбол на опозицискиот кандидат Сергеј Тихановски, кој повика на симнување на Лукашенко од неговата автократска власт. Полицијата, која претходно ги растеруваше протестите, сега го дозволи предизборниот митинг на дел од граѓаните на Белорусија, пренесе АП.
На изборите излегуваат тројца противкандидати, меѓу нив Виктор Бабарико, поранешен банкар, кој се кандидира за претседател за да ја спречи економската интеграција со Русија и „целосната неодговорност“ на државната политика во борбата против коронавирусот. Белорускиот претседател во средината на април порача дека „никој нема да умре од корона во земјата“. Досега Белорусија со 9,5 милиони жители призна 312 починати лица, а има 55.000 регистрирани и заболени.
Лукашенко е на власт од 1994 година и оттогаш на изборите победува со најмалку од 75 отсто од гласовите.
Подготвил: Митко Јовановски