Северна Кореја денеска ги предупреди САД да не провоцираат и негираше дека Пјонгјанг се согласил на преговори под американски притисок.
Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи изјави дека тврдењата, како што се тие дека доаѓањето на преговарачка маса е знак на слабост на Пјонгјанг, не му одат во прилог на дијалогот и дополни дека таквите провокации би можеле „да ги вратат состојбите на почетна точка“.
Тој го обвини Вашингтон дека „немарно провоцира“, сакајќи да ја расипе „атмосферата на дијалогот“.
Американскиот претседател Доналд Трамп наскоро треба да се сретне со севернокорејскиот колега Ким Џонг-ун, неколку недели по средбата меѓу претседателите на Јужна и Северна Кореја.
Трамп, кон крајот на април, изјави дека неговиот цврст став кон Северна Кореја придонел за смирување на состојбите.