Поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон денеска соопшти дека на 28 јули се враќа во Белгија, откако Шпанија ја повлече европската потерница според која беше уапсен во Германија во март.
Пуџдемон денеска во Берлин одржа прес-конференција, една недела откако германски суд пресуди дека тој може да ја напушти Германија, затоа што потерницата за апсење е повлечена.
Шпанија бараше каталонскиот лидер да биде екстрадиран по обвинение за бунт, но германскиот суд одлучи дека екстрадиција е можна само врз основа на злоупотреба на јавни средства, но не и за бунт.
– Оваа недела се враќам во Белгија, рече Пуџдемон на денешната прес-конференција и истакна дека од Белгија ќе продолжи со своите политички активности.