Неделникот „Тајм“ денеска ја објави листата на 100 највлијателни луѓе за 2019 година. Листата опфаќа пет категории: пионери, лидери, артисти, титани и икони.
Новиот рејтинг во категорија лидери, во кој обично се вклучени политичари, е предводен од демократката Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом на Конгресот на САД. Покрај неа во оваа категорија се и американскиот претседател Доналд Трамп, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, претседателот на Кина, Си Џинпинг, крунисаниот принц на Абу-Даби, шеикот Мухамед бин Заид.
Потоа, на оваа листа се и папата Франциско, лидерот на венецуелската опозиција, Хуан Гуаидо, американскиот специјален обвинител Роберт Малер, како и Александрија Окасио-Кортез, најмладата конгресменка на САД.
Introducing the 2019 #TIME100 https://t.co/1WeH62z2pQ pic.twitter.com/iBKrhSl9D0
— TIME (@TIME) 17 April 2019
Како оваа така и минатата година од листата е изоставен рускиот претседател Владимир Путин, кој досега се наоѓаше шест години помеѓу 100 највлијателни луѓе.
Категоријата пионери ја предводи сценаристката и продуцентка Сандра Ох, категоријата артисти е предводена од актерот Двајт Џонсон, додека прва во категоријата икони е Тејлор Сфивт. На прво место во категоријата титани е фудбалерот Мухамед Салах.