Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска во Хелсинки дека ставовите на Москва и на Вашингтон во однос на Крим, се различни. Тој додаде дека „за Русија тоа прашање е затворено“.
– Официјален став на САД е дека анексијата на Крим од Украина е нелегална, изјави Путин, дополнувајќи дека ставот на Москва е сосема спротивен и потсети дека бил одржан референдум за тоа прашање.