Рускиот претседател, Владимир Путин, го одобри предлогот на изборната комисија во Русија за одложување на референдумот за уставни измени за 1 јули, јавија државните медиуми.
– Тој датум е совршен – истакна Путин одговарајќи на предлогот на изборната комисија.
На референдумот ќе се гласа за измени на уставните одредби, а доколку предлогот помине, Путин би можел да владее до 2036 година бидејќи претходните негови мандати би биле фактички избришани.
Референдумот беше закажан за 22 април, но беше одложен поради пандемијата на коронавирусот.
Шеесет и седумгодишниот Путин, кој е на власт во Русија веќе 20 години, ротирајќи како премиер и претседател, е најдолготраен лидер на земјата уште од времето на Сталин.