Вашингтон 20 години се обидуваше да ги воведе своите стандарди во Авганистан, кои резултираа само со трагедии и загуби, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
– Дваесет години американските војници беа присутни на таа територија и дваесет години се обидуваа, и можеме да кажеме дека без да повредиме нечии чувства, да ги цивилизираат луѓето што живеат таму – рече рускиот лидер.
Меѓутоа, во реалноста, според Путин, тие се обиделе да ги „воведат своите норми и стандарди на живеење“ во најширока смисла на зборот, вклучително и политичкиот систем на нивното општество.
– Ова резултираше само со трагедии и загуби – за оние што го направија тоа, за САД, и уште повеќе за луѓето што живеат на територијата на Авганистан – рече Путин.