Психијатар вработен во затвор со српско потекло е уапсен недалеку од Виена под сомнение дека на колегите им дал торта со отров.
Според австрискиот портал „Хојте“, неговите колеги се почувствувале лошо откако јаделе од тортата, а еден од нив завршил во болница.
Осомничениот е уапсен и се наоѓа во притвор во Корнебург.
Тој е обвинет за кривично дело тешка телесна повреда и нанесување материјална штета, со оглед дека на еден од неговите колеги му ги избушил гумите на неговиот автомобил.
Според медиумите, докторот потекнува од истакнато белградско семејство. Полицијата го испитува можниот мотив за делото и се сомневаат дека станува збор за одмазда.