Од Хонгконг до Москва и Тбилиси до Белград, групи на луѓе демонстрираат на улиците, често соочувајќи се со полицијата вооружена со солзавец и гумени палки, и без разлика на тоа, тие повторно се враќаат на улиците секоја недела, пишува Питер Померанцев, колумнистот на магазинот „Атлантик“.
Дел од сегашните демонстрации беа најголеми уште од 1989 година, годината на продемократските револуции. Но, нешто суштинско се смени во последните 30 години. Во 1989 година, во „обоените“ револуции (термин кој се користи за протестите во советските и балканските земји на почетокот на 21 век – н.з.) или Арапската пролет на почетокот на 2010-тите години, демонстрациите поттикнати од народот изгледаа како дел од она што политичките експрети го нарекуваат бран на демократизација – поширок наратив за неизбежниот напредок кон поголема слобода.
Сепак, денешните простести, иако се стратешки осмислени и помали во споредба со минатото, не се дел од поширока идеја која би била прифатена во глобални рамки.
Џорџ В. Буш во 2003 година кажа дека ирачката демкратија ќе успее, и од Дамаск до Техеран слободата ќе биде иднината на секоја нација на Блискиот Исток. Падот на статуата на Садам Хусеин во Багдад, во сцени кои наликуваа на оние на падот на статуата на Ленин во Источна Европа, сугерираа историска еквиваленстност. Наместо тоа, инвазијата на Ирак донесе граѓанска војна и стотици илјади мртви.
Неуспехот на Арапската пролет во Египет, каде што еуфоријата за демократијата беше заменета со уште посилна воена диктатура од претходно, во голема мера придонесе за намалување на чувството дека протестите водат кон слобода и просперитет.
Смисолот на идеите за протестите исто така беше подриен поради наводната корумпираност на демократиите. Како пример може да се земе Унгарија, каде што унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој и самиот беше предводник на протести во 1989 година, оттогаш го совлада „занаетот“ за поттчинување на медиумите, ослабувајќи ги демократските институции одвнатре на доволно умешен начин за да избегне санкции од Европската Унија.
Успешните демонстрации и движења треба да понудат алтернативна визија за режимот, но денес, лидерите на власт не се толку крути. Наместо да се држат до една идеологија, тие научија да зборуваат на „различни јазици“. Во Србија, Александар Вучиќ паралелно оддржува добри односи со Брисел и со Вашингтон. Протестите во Белград никако не можат на демонстрантите да им овозможат целосно поврзување преку заедничка приказна.
Флексибилниот пристап кон идеологијата исто така е придружен со нова алатка – теориите на заговор. Тие долго време се кориестеа за да се оддржи моќта.
– Овој ефект на бројните заговори создава услови во кои обичниот граѓанин смета дека никогаш не може да ги промени работите. Ако живеете во свет каде што небулозни сили ги контролираат работите, или сили кои не можете целосно да ги видите и разберете, која е шансата да обичниот човек да ги промени работите – смета Померанцев.
Но, разочарувањето на луѓето е само еден пристап. Режимите со кои се борат демонстрантите немаат една идеологија, и обединети се само во нивната цел да ги демотивираат луѓето и да ги растурат нивните заеднички обиди за слобода.