Над 70 лица се уапсени во денешните судири меѓу полицијата и антивладини демонстранти во ерменскиот главен град Ереван, јавуваат медиумите.
Претходно беше објавено дека меѓу уапсените се наоѓаат и тројцата опозициски пратеници Никол Пашинјан, Арарат Мирзојан и Сасун Микаелјан, кои се и организатори на протестите, но полицијата ја демантираше таквата информација, нагласувајќи дека тие „принудно биле отстранети од местото на протестот, со цел да се прекине незаконското собирање на активисти“.
Полицијата употреби специјални средства и насилно ги растерува демонстрантите.
Протестите против поранешниот претседател Серж Саркисјан, кој беше избран за премиер откако му заврши максималниот рок од два мандата како шеф на државата, траат веќе деветти ден.