Движењето „жолти елеци“ 12-ти викенд по ред излегуваат на улиците со цел да извршат притисок врз Владата на францускиот претседател Емануел Макрон.
Протести против економската политика на Макрон, за која критичарите тврдат дека е во корист на богатите, планирани се во Париз и повеќе други француски градови.
Планирано е за време на протестот во Париз да им се одаде почит на приврзаниците на „жолтите елеци“ кои се повредени во судирите со полицијата. Според владини податоци, околу 2.000 луѓе се повредени во протестите што почнаа на 17 ноември, а десет лица загинаа во сообраќајни несреќи поврзани со акциите на Жолтите елеци.