Португалската полиција уапси 17 членови на моторџискиот клуб „Ангели на пеколот“ кои се осомничени за вмешаност во организиран криминал, објавија локалните власти.
Околу 150 полицајци, вклучително и членови на антитерористичките единици, учествуваа во неколку рации во Португалија, објави агенцијата „Ројтерс“.
Телевизијата СИЦ соопшти дека рациите биле извршени во Лисабон и Алгриви, каде што илјадници моторџии се собираат секоја година на меѓународен настан.
Полицијата потврди дека во моментов во притвор се 17 мажи, членови на „Ангели на пеколот“, на возраст меѓу 29 и 52 години.
Полицијата соопшти дека уапсените ќе се појават пред суд утре и дека им се заканува казна затвор до пет години.