Авион „боинг 737-800“ кој летал од Гвантанамо, Куба, до Мајами на Флорида, принудно слетал во река близу воената база во Џексонвил.
Pic of Miami Air 737 in St. Johns River off @NASJax_. Sent to me from Navy source. All 142 alive and accounted for. @wjxt4 pic.twitter.com/xblYemNXJq
— Vic Micolucci WJXT (@WJXTvic) May 4, 2019
Во инцидентот нема жртви, а повредено е 21 лице.
Чартер летот со 143 патници и членови на екипажот на „Мајами ер интернешнл“ слетал во реката Сент Џонс додека се обидувал да слета на писта во услови на невреме.
Полицијата во Џексонвил, Флорида, соопшти дека 21 лице е пренесено во болница и дека сите се во добра состојба.
– Авионот не потонал. Сите патници се живи – објави полицијата.