Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека сите американски војници во Авганистан можат да се вратат дома до Божиќ, навидум демантирајќи го својот советник за национална безбедност, кој рече дека повеќе од 2.000 војници ќе останат во Авганистан и по Нова Година, пренесува РТ.
– До Божиќ треба да имаме мал преостанат број на наши храбри мажи и жени кои служат во Авганистан! – објави Трамп на Твитер во средата вечерта, точно 19 години по американската инвазија на земјата во 2001 година.
Иако најавата не укажува на каква било промена во политиката, сугестијата за целосно повлекување до празникот е во спротивност со временскиот распоред што го постави советникот за национална безбедност, Роберт О’Брајан, само неколку часа претходно во средата, кога пред присутните на Универзитетот во Невада, Лас Вегас, рече дека администрацијата ќе задржи околу 2.500 војници во Авганистан на почетокот на 2021 година.
Според договорот потпишан со талибанците на почетокот на годинава, САД се согласија на целосно повлекување на борбените трупи до пролетта 2021 година, повлекувајќи ги силите во фази, а авганистанската влада работи на долгорочен прекин на огнот со милитантната група.
Според О’Брајан, од 4.000 до 5.000 американски војници остануваат во Авганистан, најниско ниво на војска од почетната фаза на војната пред речиси две децении.
И покрај ветувањето дека ќе донесе брз крај на војната по стапувањето на должност во 2008 година, поранешниот американски претседател Барак Обама не успеа да спроведе какво било целосно повлекување, а наместо тоа почна масовно распоредување што го зголеми присуството на американските трупи на повеќе од 100.000, најголем број досега.
Иако Обама ги намали распоредувањата по напливот, тој остави повеќе од 8.000 војници во земјата на крајот на својот втор мандат во 2016 година, носејќи го најдолгиот конфликт во американската историја во третото претседателство поради, како што рече, несигурната безбедносна состојба .
Додека Трамп долго време бараше враќање на американските сили од Авганистан, и според сите индиции има намера да го испчитува пролетниот рок во 2021 година за целосно повлекување утврден со договорот со талибанците, тој претходно сугерираше дека американскиот разузнавачки персонал ќе остане во земјата дури и по заминувањето на борбените трупи, навестувајќи го продолженото учество на САД.