Првата дама на САД, Џил Бајден, беше пренесена во болница кога остар предмет заврши во нејзината нога на плажа.
Предметот бил отстранет од лекари од Воено-медицинската академија, велат официјалните лица.
„Минатиот викенд за време на настан на Хаваи првата дама беше повредена откога остар предмет заврши во нејзиното лево стапало на плажата“, изјави портпаролот Мајкл Лароса.
Лароса рече дека Бајден била однесена во болницата Волтер Рид за интервенција за отстранување на предметот.