Почина шеснаесетгодишниот тинејџер, кој се застрела откако уби двајца ученици и повреди три лица во средното училиште во близина на Лос Анџелес. Тој беше хоспитализиран откако се застрела во главата по нападот во училиште во четвртокот наутро, на неговиот роденден.
Полицијата информираше дека не успеале да го сослушаат за да се разјаснат мотивите за нападот. Тој во нападот употребил полуавтоматски пиштол калибар 45 калибар и ги испукал сите куршуми. На снимките на безбедносните камери се гледа дека 16-годишниот го вади пиштолот од ранецот и почнал да пука во пет ученици, по што се застрелал.