Како последица на опасниот коронавирус во болницата Џијинтан во кинескиот град Вухан почина првиот американски државјанин (60), соопшти портпаролот на американската Амбасада во Пекинг.
– Најискрено сочуство до семејството заради оваа загуба. Ја почитуваме приватноста на семејството, немам друг коментар – изјави портпаролот за британските медиуми.
И јапонското Министерство за надворешни работи соопшти дека во болница во Вухан од заразата починал и еден јапонски државјанин. До синоќа 19 странци беа заразени со коронавирус во Вухан, од кои двајца беа пуштени од болница, а 17 се наоѓаат во карантин.