Британските власти ги обновија плановите од Студената војна за преселување на кралското семејство во случај на немири во Лондон поради „нерегулиран излез” на Британија од ЕУ следниот месец, објавија британски медиуми.
-Овие планови за итна евакуација постојат од Студената војна, но сега се редефинирани во случај на граѓански немири по брегзит без договор, објави „Сандеј тајмс“.
„Меил он сандеј“, исто така, тврди дека е запознат со плановите за преместување на кралското семејство на безбедно место надвор од Лондон, вклучувајќи ја и 92-годишната кралица Елизабета, чиј говор минатиот месец е повик до политичарите да постигнат договор за брегзит.
„Сандеј тајмс“ нагласува дека Дал Дејвис, поранешен полицаец задолжен за кралска заштита, очекува дека кралицата Елизабета ќе биде преместена од Лондон ако се случат немири.