Новиот кинески министер за одбрана Веи Венгхе изјави дека за своја прва посета на странство ја избрал Русија со цел да испрати порака до САД за блиските врски помеѓу Пекинг и Москва.
Тој наведе дека ја избрал Русија со цел да го презентира на светот „високото ниво на развој на билатералните односи и цврстата решеност нашите вооружени сили да ја зајакнат стратешката соработка“.
Веи, кој минатиот месец беше избран за министер за одбрана, пред средбата со рускиот колега Сергеј Шојгу, наведе дека ќе учествува на Московската конференција за меѓународна безбедност, што е во организација на руското Министерство за одбрана.