Поранешниот туниски претседател, Монсеф Марзуки, го осуди распуштањето на владата и суспендирањето на Парламентот од страна на претседателот на земјата Кајс Саид, нарекувајќи го пуч, пренесува „Анадолија“.
– Саид го прекрши Уставот на кој се заколна и си ги даде себеси сите овластувања. Саид се смета себеси за шеф на извршната власт и прв судија. Ако пучот успее, економските и здравствените услови [на земјата] уште повеќе ќе се влошат – предупреди Марзуки во видеопораката објавена на Фејсбук, нарекувајќи го Саид „најголемиот проблем за Тунис“.
Во својот вчерашен говор, Саид рече дека ќе го укине имунитетот на сите пратеници и дека ќе ја преземе улогата на јавен обвинител, појаснувајќи дека ја донел оваа одлука по консултации со премиерот Хичем Мечичи и со претседателот на парламентот, Рашед Гануши.