Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави за време на посетата во Швајцарија дека САД се подготвени да се состанат со Иран без никакви предуслови, но додаде дека на Вашингтон му е потребно да види оти Иран се однесува како нормална нација, пренесе „Ројтерс“.
Претходно, иранскиот претседател Хасан Рохани навести оти Иран сака да разговара со САД, доколку Вашингтон покаже почит кон Техеран, но и дека иранските власти не би се нафатиле на разговори под притисок.