САД се подготвени во целост да ја снабдат Белорусија со енергетски ресурси, по конкурентни цени, изјави денеска американскиот државен скретар, Мајк Помпео во Минск.
– Нашите произведувачи на енергија се подготвени да испорачаат 100 отсто нафта која ви треба по конкурентни цени“ рекол Помпео по состанокот со белорускиот претседател, Александар Лукашенко и со шефот на дипломатијата, Владимиро Макеј.
Помпео е прв американски државен секретар кој ја посетил Белорусија во последните 26 години и тоа во време на напнати односи меѓу Минск и Москва, поради енергетските прашања. Како што пренесува АП, изјавата на Помпео претставува „шлаканица за Русија“ бидејќи таа земја неодамна ја прекина испораката на нафта за Белорусија.
Помпео на состанокот со Лукашенко рекол дека се надева дека ќе помогне на Белорусија да и` се пружи можност да го оствари својот суверенитет и независност, кон кои се стреми.