Американскиот државен секретар Мајк Помпео го информира ирачкиот премиер Адел Абдул Махди дека САД и натаму се посветени на борбата против Исламска држава (ИД) во Ирак и другите региони и покрај планираното повлекување на своите трупи од Сирија, соопшти денеска Кабинетот на Махди.
– Абдул Махди и Помпео разговараа за повлекувањето, но и за одлуката на Вашингтон да му одобри на Ирак 90-дневен исклучок од санкциите на Иран, со што на Багдад ќе му се овозможи да купи електрична енергија од Техеран, се наведува во соопштението.
Претседателот на САД, Доналд Трамп во средата изјави дека Исламска држава во Сирија е победена и најави повлекување на американската војска од таа земја.